Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

 АКЦИЈА Папаја 35, 60 таблети/пакување: -20% !!!     

 

 

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Biobran MGN-3

                          BIOBRAN MGN-3

BioBran MGN- 3 претставува оригинален јапонски производ, развиен за прв пат во 1992 година, од страна на Hiroaki Maeda, директор на одделот за развој и истражувања во Daiwa Pharmaceutical Co, Ltd, во Токио.  БИО БРАН МГН-3 е добиен  по пат на единствена патентирана постапка на разложување на големите полисахаридни молекули од оризови влакна со помош на ензими од шитаке печурки. Готовиот производ е со таква чистота и во својот состав не содржи печурки, што го прави безбеден при појава на алергии од печурки.

Познато е дека одредени големи полисахаридни молекули како растителните влакна го стимулираат имунолошкиот систем. Растителните влакна ,истотака се поврзани и со намалувањето на холестеролот, подобрувањето на метаболизмот на јаглехидратите и редукција на токсините во тенките црева, но бидејќи се несварливи тие остануваат неискористени и само минуваат низ дигестивниот систем и непроменети се исфрлаат од организмот.За да можат да се апсорбираат, потребно е овие големи полисахаридни молекули( особено од оризовата лушпа) да се раскинат на помали компоненти , наречени хемицелулози- од кои најмоќен е арабиноксилан комплексот и на тој начин недигестирани директно да се апсорбираат од тенкото црево во крвотокот и да имаат директно дејство на имунолошкиот систем. 

Главниот производител на овој тип хемицелулозен суплемент е Daiwa Pharmaceutical од Јапонија, која има развиено уникатен ,патентиран процес со кој оризовите лушпи се делумно хидролизирани со помош на ензими од шитаке печурки, за да се добие уникатна и природна мешавина од хемицелулози, од кои најважна е арабиноксилан комплексот или b- 1,4 xylophyronase hemicellulose( иако ензими од шитаке печурки се користат при производството, финалниот производ не содржи печурки и е безбеден за лица со интолеранција на печурки). 

Како мешавина од природни состојки( хемицелулози) ,БиоБран содржи пократки полисахаридни синџири( пентози), што му овозможува на организмот полесно да го апсорбира и бидејќи е од природно, растително потекло е нетоксичен и без несакани ефекти.

 

ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

Имунолошкиот систем е колективна армија од трилиони бели крвни клетки, коскената срцевина, антитела, цитокини и тимусот, кои ги идентификуваат и уништуваат многубројните микроби( бактерии, вируси, паразити, фунги) кои секојдневно пенетрираат во нашиот организам. 

ЕФЕКТОТ НА БИОБРАН ВРЗ ОРГАНИЗМОТ

BioBran MGN – 3( арабиноксилан комплекс) ја зголемува продукцијата на цитокини- супстанци како интерферони, интерлеукини и тумор некрозис фактор, ја зголемува активноста на Т и Б лимфоцитите и особено на НК( natural killer) клетките.Неговата ефикасност, безбедност и нетоксичност  е докажана со преку триесет базични и клинички студии, направени на врвни светски универзитети кои што се јавно публикувани.

Бидејќи не создава резистентност, БиоБран МГН- 3 може безбедно и ефикасно да се користи и подолг временски период.

Препорачано дозирање: 30- 45 мг/кг/ден, поделено во 2- 3 дози, 30 минути  после оброк, додека дозата на одржување може да биде 15 мг/кг/ден.