Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

 АКЦИЈА Папаја 35, 60 таблети/пакување: -20% !!!     

 

 

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

ЗЕЛЕНА МАГМА

Зелена  Магма или зелена есенција од јачмен

Во текот на својот живот и успешна кариера, јапонскиот научник dr. Hagiwara преку истражување на повеќе од 200 растенија, доаѓа до сознание дека листовите од младите листови на јачмен се богати со биоактивни состојки( витамини, минерали, аминокиселини, повеќе од 20 живи ензими и хлорофил).       

Д-р Hagiwara, за да го заштити и сочува богатиот состав на фитонутритиентите  од сокот на младите јачменови листови ја развил единствената spray-drying постапка, за која ја добил престижната јапонска награда Pharmaceutical Meritorius Service Award. Младите листови одгледани по најстроги стандарди за органско производство, внимателно се мијат и пресуваат при што од нив се цеди свеж зелен сок. Во следниот чекор се врши дехидрирање на сокот на собна температура. Добиениот прав се гранулира. Оваа постапка  овозможува добивање на ЗЕЛЕНАТА МАГМА (GREEN MAGMA) како финален производ со врвен квалитет, во кој хранливите материи се од природен извор, имаат непроменета хемиска структура, се наогаат во совршено избалансирана рамнотежа и имаат силно синергистичко дејство.

 

ЗЕЛЕНАТА МАГМА претставува сертифициран органски производ, Веган, не содржи глутен и не содржи   ГМО .  Од витамини  застапени се бета каротен, Б1, Б2, Б6, Ц, Е, фолна киселина, ниацин, холин, пантотенска кисленина, вит.К. Најдобар начин за внес на витамините е по природен пат. Така најдобро ќе се искористат во организмот. Содржи преку 20 живи ензими, меѓу кои Супер Оксид Дисмутаза - моќен антиоксидант кој ги врзува слободните радикали во организмот. Минерали: железо, калиум, калциум, бакар, цинк, манган, фосфор, магнезиум и др. Содржи 19 есенцијални аминокиселини. Хлорофилот е  зелен пигмент во растенијата, природен детоксификатор, има силно хелирачко дејство, ги врзува тешките метали, има благо антисептичко дејство.

Благата алкалност на ЗЕЛЕНАТА МАГМА помага во неутрализација на телесната киселост.

ЗЕЛЕНАТА МАГМА со својот избалансиран однос на хранливи состојки, се препорачува за сите возрасти.

 

Начин на употреба:

-          Возрасни : 2-3 x 1 мало лажиче

-          Деца од 1- 2 год.: 1x1/4-1/2 мало лажиче; 3- 6 год.: 1x ½-1 мало лажиче;

7-10 год.: 3x1/4-1/2 мало лажиче; 11-16 год: 3x1/2- 1мало лажиче

Препаратот се зема растворен во 100 мл ладна течност, 20 -30 минути пред јадење и истиот е потребно да се користи во континуитет најмалку 3 месеци.