Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Артеросклероза - Тивок убиец


Болестите на кардиоваскуларниот систем се честа причина за смртност во нашата земја. Коронарната болест на срцето - исхемија на срцевиот мускул настанува заради стеснување на коронарните (срцеви) крвни садови. Најчеста причина во настанувањето на коронарната болест е атеросклерозата, при која доаѓа до наталожување на масни наслаги во ѕидот на артериите. И други причини придонесуваат за настанување на коронарна болест - нагло реагирање на артериите со стеснување, вродени аномалии и друго. Коронарната болест на срцето се дели на ангина пекторис и инфаркт на срцето. Се смета дека при ангина пекторис доаѓа до критично стеснување на артериите, а до инфаркт поради одумирање на дел од срцевиот мускул (миокардот) што е последица на потполно или делумно зачепување на коронарните артерии. Болниот се жали на болка која се јавува зад градната коска, која може да биде тапа, понекогаш во вид на печење, често со шири кон левата рака и вратот. Болката најчесто се јавува по напор, психичка возбуда, нагло изложување на студено или комбинација од сите фактори. Болниот е блед, исплашен и препотен. Новите сознанија кажуваат дека иако не сте воделе грижа за тоа што јадете па дури и ако веќе имате некаков здравствен проблем, промената во начинот на исхрана може да ја спречи појавата на нови проблеми односно да го сопре оштетувањето на крвните садови и да им помогне да се вратат во првобитна состојба.
Најдобар начин да го намалите ризикот од појава на атеросклероза и срцеви заболувања е да јадете риба, која е богата со незаситени масни киселини од типот Омега-3. Студиите покажуваат дека со внесување на 30 г риба дневно или неколку порции неделно, ризикот за појава на инфаркт на миокардот се намалува за 50 отсто. Јаткастото овошје е богато со влакна и мононезаситетени маснотии од типот на маслиновото масло, разни антиоксиданти вклучувајќи го витаминот Е, селенот и елагинската киселина, кои ги чуваат артериите од оштетувањата што ги прави холестеролот. Во исхраната треба да преовладуваат продукти од растително потекло како житарки, овошје и зеленчук. Особено голема улога во превенцијата и третманот на атеросклерозата имаат  додатоците во исхраната кои имаат особина  да го намалат нивото на масти во организмот. Со нивна редовна употреба се регулира метаболизмот на масти во организмот, се забрзува разградбата на мастите внесени со храната и на оние масти  кои се складирани во масните депоа. Таков производ е Папаја 35 кој претставува  ферментиран производ добиен по сосема природен пат врз подлога  на комбуха чајна габа и зелен чај со додаток на екстракт од калинка. Има исклучително богат состав. Една индиска студија објавена во Јурнал оф хуман хѕпертенсион, докажала дека ферментираната папаја има моќ во снижување на мастите во крвта и снижување на покачениот крвен притисок. Во период од четири недели се третирани две групи на пациенти со покачен крвен притисок и покачени масти со две различни диети. После четири недели се покажало дека онаа група која била третирана со папаја, имала просечно 5% понизик крвен притисок, а вредностите на мастите се намалиле за 5-8%. Друга индиска студија  објавена во списанието Американ јурнал оф Цардиологѕ дошла до слични резултати. Диетата богата со плодови од папаја и друго овошје или примена на ферментирани производи од истите овошја  во траење од 12 недели, го намалила  холестеролот  за 9,9% а триглицеридите  за 7,7%, додека т.н. добрите масти (ХДЛ) пораснале за 8 %.

 

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.