Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

 АКЦИЈА Папаја 35, 60 таблети/пакување: -20% !!!     

 

 

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

АЛОЕ ВЕРА-Texas Organics-гел

     Лековитите својства на алоето се познати уште од стариот век. Древниот Египет бил познат по вештините за зачувување на женската младост и убавина. Фараоните го чувале како еликсир на долговечноста. Во старогрчкото царство алоето било симбол на убавината, смиреноста, среќата и забавата. Бедуините од Арапскиот полуостров одамна ги познавале поволните својства на алоето, кое го нарекувале пустински лилјан. Aлоето било едно од 16 лековити растенија кои американските индијанци ги сметале за свети и ги почитувале како божества. Алое Вера e лијан- сукулентно растение. Зборот алое потекнува од латинската форма на арапското име алоех или хебрејското халал, чие значење е исклучително горчлива материја. Од 250 видови на алое, Aloe Barbanensis Miler, е со најизразито лековито дејство.

   TEXAS ORGANICS е една од најдобрите компании во САД во одгледување, производство и дистрибуција на Алое Вера. Нивните производи се добиени од органски произведени растенија без користење на агрохемиски средства при што се запазени највисоките критериуми за органско производство. Една од ретките компании која гарантира дека алое сокот се преработува не подолго од 4 часа од бербата што гарантира максимална искористливост на сите активни хранливи состојки во својот природен врамнотежен сооднос: алоеполисахариди, витамини, минерали и аминокиселини.

    Студиите ги ратификуваа алое - полисахаридите како биолошки активни материи кои ги обезбедуваат многуте квалитети на Алое Вера. Централниот дел од Алое Вера има приближно 2000 мг/литар алое - полисахариди, а највисокиот индустриски стандард е од 1000 - 1200. Целиот лист од Алое Вера има приближно 4000 мг/литар од алое - полисахаридите, а највисокиот индустриски стандард е од 2000 - 2400.

     Освен активните полисахариди, во состав на Алое Вера спаѓаат:

  • Аминокиселини - аланин, аргинин, аспарагин, глутамин, глицин, хистидин, изолеуцин, леуцин, лизин, фенилаланин, пролин, серин, треонин, тирозин, валин.
  • Ензими - алиназа, амилаза, брадикиназа, каталази, целулаза, глукозидаза, оксидаза, липаза, протеаза, карбоксипептидаза, дехидрогеназа.
  • Минерали - Ca (калциум), Fe (железо), Mg (магнезиум), Mn (манган), Na (натриум), Zn (цинк), Cu (бакар), K (калиум), Al (алуминиум).
  • Витамини - А, Б1,Б2,Б3,Б6, Б12, Ц, Е, холин, фолна киселина, инозитол, ниацин.
                 

    Начин на употреба:

 Три пати по 1-3 супени лажици дневно пред оброк во период од три месеци или според пропишаниот начин на употреба препорачан од Вашиот лекар или фармацевт.

  Употреба на овој препарат не се препорачува кај жени во период на бременост и лактација, и кај деца под 13-годишна возраст.

    Начин на чување: 

Овие производи не содржат конзерванси и стабилизатори, затоа по отворањето препаратот се чува во фрижидер.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.

 

Доколку имате повеќе прашања за овој или било кој од нашите производи, слободно контактирајте не