Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

ЕНЗИМИТЕ СЕ ИСКРА НА ЖИВОТОТ

      Желбата да се  доживее длабока старост во услови на добро здравје е  стара колку и човекот и опстојува со векови наназад. И покрај  брзиот развој на науката и медицината, одговорот како да се постигне вечна младост и благосостојба се уште е тајна. Според нашиот генетски код, животниот век на  човекот би требало да изнесува од 100-120 години, но  сведоци сме дека се повеќе расте бројот на заболени од малигни и други дегенеративни болести.   
      Животот  претставува постојана борба на нашиот организам со разни напаѓачи однадвор , кои секојдневно навлегуваат во нашето тело со една единствена цел-да предизвикаат болест. За успешна борба против нив, во нашиот организам постојат два физиолошки система на одбрана
    - антиоксидативен систем -кој не штити од појава на оксидативен стрес  (состојба  предизвикана од штетното дејство на слободните радикали) 
    - имунолошкиот систем -  кој е одговорен за уништување на разните микроорганизми (бактерии, вируси, паразити, габи и сл) и на малигните клетки.
    Антиоксидативниот систем има за задача да ги уништи штетните слободни радикали, кои имаат голема разорна моќ и ја оштетуваат нормалната структура на клетките. Него го сочинуваат активни  ензими (С.О.Д, каталаза, глутатион пероксидаза и др.), витамини (А, C, Е) и  минерали (Zn, Se). Еден дел од ензимите нормално се создаваат во нашето тело и служат како биокатализатори на метаболните процеси во организмот, а дел ги внесуваме од надвор преку исхраната. Со текот на годините телото ја губи способноста да ги создава овие ензими затоа и старее и е подложно на дегенеративни процеси и појава на болести. Поради лошите прехрамбени навики, слабиот квалитет и термичка обработка на храната (над 40 степени ензимите се целосно уништени) современиот човек не внесува доволно ензими преку исхраната. Во услови на ензимски дефицит, во телото се таложат слободните радикали што неминовно води до појава на оксидативен стрес, а со тек на време и на некое сериозно здравствено нарушување.

   За да се зголеми активноста на антиоксидативниот систем и да се спречи појава на болест неопходно е да се внесуваат активни ензими преку додатоци во исхраната како што е Папаја-35.  Тоа се капсули добиени по пат на современ лактоферментирачки процес на листови, семе и плодови од зрела зелена папаја со додаток на екстракт од калинка. Препаратите  се носители на меѓународно признати сертификати кои гарантираат врвен квалитет, органско потекло и највисок процент на активни ензими со што се разликуваат од навидум сличните производи.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.