Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

 АКЦИЈА Папаја 35, 60 таблети/пакување: -20% !!!     

 

 

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

12 ВИСТИНИ ЗА ФЕРМЕНТИРАНАТА ЗЕЛЕНА ПАПАЈА - Папаја 35

  1. Зрелата зелена папаја е одличен извор на ензими, минерали и витамини. Папаинот, кој во самото растение папаја циркулира како бел сок, или течност, не се наоѓа во незрелата папаја. Ферментираната зрела папаја го содржи папаинот и другите ензими, минерали како и витамините А, Ц и групата Б, па со право се нарекува “ензимска” и “витаминска бомба”.

  2. Папаинот е главен и најактивен ензим во зрелата-зелена папаја. Папаинот поседува многу силно дигестивно дејство, кое е посилно од пепсинот и панкреатинот. Папаинот ги разложува влакната од месото, па со тоа овозможува да бидат расположиви корисните состојки од храната. Тоа ја покажува важноста и потребата од ферментираната папаја при режимот на исхрана и кај вегетеријанците и кај оние кои конзумираат месо.

  3. Папаинот, еден од најјаките протолитички ензими, е каталитичко средство и агенс кој учествува во дигестијата на белковините, во кисела, базна и во неутрална средина. Тоа е од витална важност за постарите лица кои имаат проблеми од недостаток на ензими, како и кај сите оние со низок процент на лачење на желудечна киселина. Редовното земање на ферментирана папаја долгорочно им помага на луѓето со вакви дигестивни проблеми.

  4. Главен проблем на нашата исхрана денес е тоа што храната само делумно се разложува во организмот поради недоволното излачување на желудечна киселина. Ова делумно разложување на белковините доведува до таложење на мукозни белковини во телото. Тоа е поради неразложените молекули од белковините, кои влегуваат во крвниот систем и наоѓаат пат  до меѓушуплините, каде се таложат како мукозни белковини, познати како заробени плазма-белковини. Протеолитичкото дејствување на папаинот помага да  се спречи натрупувањето на заробените плазма-белковини.

  5. Ферментираната  зрела-зелена папаја поседува антисептички својства и го спречува размножувањето на несаканите бактерии во цревата. Ph-вредноста во цревата тогаш се нормализира, а присуството на ацидофили во Папаја 35 додатно  ја помагаат нормализацијата на цревната флора.

  6. Ферментираната зрела- зелена папаја и тоа како е потребна за одржување на здрав и функционален цревен тракт.

  7. Во научните студии кои го истражуваат папаинот, како дигестивен ензим, утврдено е дека всушност белковините хемиски се разградуваат до ниво на различни аминокиселини, кои му се потребни на човековиот организам. Папаинот има својство за разградување на албуминоидите (белковини во поширока смисла) во пептони (производи добиени со разградување на белковините под дејство на пепсинот), во кисела, базна и неутрална средина.

  8. Аргининот е една од есенцијалните аминокиселини, која нормално не се произведува во телото, но е неопходна, па мора да се внесува преку храната, (на пр. со јајцата, или пивскиот квасец). Таа храна мора да се зема редовно, ако сакаме репродуктивните органи да работат нормално. Од друга страна,  делувањето на папаинот врз различни видови на белковини, овозможува претворање на дел од протеинските маси во оваа аминокиселина-аргинин, дури и во цревата.

  9. Уникатната способност на папаинот да ги разгради протеините и дел од нив да ги претвори во аргинин е извонредно важна. Аргининот предизвикува ослободување на  хормоните за раст, (коишто се произведуваат во хипофизата), одговорен е и за репродукцијата на ДНК И РНК, како и за регенерација на црниот дроб, оптимален раст на мускулното и рскавично ткиво. Забележано е дека Аргининот го подобрува имунолошкиотѕ одговор кон бактерии, вируси и кон туморски клетки.

  10. Во научните студии во кои се истражувале протеолитичките ензими, во потполност е докажано дека имунолошкиот систем е значително зајакнат со земање на истите. Папаинот е број еден од сите растителни протеолитички ензими, и со тоа Папаја 35 се става на прво место како ензимски додаток во исхраната за постигнување на оптимална здравствена состојба

  11. Ферментираната зрела- зелена папаја како додаток во секојдневната исхрана, многу поволно дејствува и го подобрува квалитетот на животот и здравјето. Таа ги витализира клетките и делува врз нив како дожд врз сува земја. Оживувањето се чувствува после неколку дена: потребно е помалку сон, зголемена е духовната будност и доброто расположение.

  12. Многубројните научни студии вршени во врвни медицински центри ширум светот како и многуте позитивни лични искуства на пациентите заболени од малигни болести, сведочат за антитуморското и антиканцерогеното својство на ферментираната зрела - зелена папаја.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.