Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

 АКЦИЈА Папаја 35, 60 таблети/пакување: -20% !!!     

 

 

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Папаја35 кај карцином на дебелото црево

Кој нездраво живее и нездраво се храни,
цел живот се подготвува за рак
(prof.dr.med.Kolltah)

        Појавата на карцином на дебелото црево во последниве години е во голем пораст. Причината за појава на ракот на дебелото црево не е познат, но се знае дека лошите прехрамбени навики  имаат одредена улога во појавата на овој тип на малигна болест. Бројни студии ја потврдуваат врската меѓу ракот на дебелото црево и исхраната која содржи големо количество на протеини од животинско потекло особено месо како и животински масти. Во развојот на ракот важни се и други фактори, како полипоза на дебелото црево, улцерозен колит и одредени генетски пореметувања. Ризикот за појава на оваа болест расте со годините и по правило се дуплира со секоја декада по четвртата деценија од животот.

     Прогнозата во процесот на излекување зависи од степенот на инфилтрацијата на ѕидот на цревото во моментот на поставувањето на дијагнозата, а резултатите кај заболувањата во поодмината фаза се исклучително лоши. Кај пациенти во рана симптоматска фаза посебно внимание треба да се обрати на појава на крв во столицата и појава на пролив или запек особено кај лица над 45-години старост. Судбоносни грешки се прават кога пациентот па и лекарот, се задоволуваат со дијагноза на хемороиди без предходни детални испитувања, со кои прецизно би се докажала причината за крварењето. Не ретко симптомите на ракот на дебело црево се некарактеристични, па затоа при секое крварење и појава на сидеропенична анемија кај лица постари од 40 години, лекарот треба да се сомнева на присуство на рак на дебелото црево, се додека не се докаже спротивното. Превенцијата и раното откривање на болеста се исклучително важни. Раното откривање на карциномот дава значително подобри резултати во лекувањето и во намалување на смртноста.

      Сепак најдобар третман на ваквите заболувања е превенцијата. Превенцијата се состои во внимателно одбирање на храната која ја конзумираме секојдневно. Само врамнотежена, правилна и редовна исхрана- без драстични гладувања или прејадувања е вистински избор за секој од нас. Повеќе пати во текот на денот треба да се конзумира свежа, органски произведена храна, богата со растителни влакна, витамини и ензими. Храната која изобилува со ензими е добра за цревото, бидејќи е лесно сварлива, ја подобрува перисталтиката и ја олеснува дигестијата во цревата.

      Капсулите Папаја 35 е уникатна формула добиена со современ лактоферментирачки процес од зрел плод, листови и семки од зелена папаја и додаден екстракт од калинка.  Овој состав е вистинска алтернатива кај малигните заболувања. Се користи како додаток во исхраната и како таква не треба да се меша со навидум сличните производи. Се препорачува како  додаток на терапија на сите болести на дигестивниот тракт.

     Во Папаја 35 особено е значајно присуството на бројни протеолитички ензими, меѓу кои и папаин кој има силен детоксификаторски и антитуморски ефект, и затоа се препорачува користење на овие ензимски препарати како додаток во исхраната при малигни заболувања. Нејзиното делување е особено значајно како чистач на цревниот тракт (детоксификатор) од присуството на голема количина наталожени состојки по ѕидовите на цревата. Со внесување на Папаја 35 насобраниот и по цревата залепен смет од гниењето на протеини се елиминира со што се спречува самотруењето (автоинтоксикација) кое е главна причина за појава на болест. Делотворноста на Папаја 35  како додаток во секојдневната исхрана се остварува и преку ревитализирање на клетките и обнова на слузницата на цревата. Лековитата моќ на Папаја35 ја потврдуваат бројни искуства од пациенти кои го конзумирале овој препарат и на тој начин го збогатиле своето мени со високо хранлив и здрав производ а воедно го повратиле своето здравје.

 

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.