Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Папаја 35 при карцином на бели дробови

Последните години станаа запрепастувачки извештаите за тоа, како Папаја концентратот им помогна на заболените од рак, да ја победат болеста.

     Ракот на белите дробови е еден од најчесто застапените форми на малигно заболување во последниве децении. Во текот на 20-тите години од минатиот век, голем дел од машката популација почнува да пуши како резултат на се поголемото рекламирање и маркетиншка популаризација на цигарите. Две децении подоцна доаѓа до зголемен број на заболени од рак на белите дробови, со што е очигледно негативното влијание на цигарите врз човековото здравје.

       Како и кај секој облик на малигно заболување, генетските фактори имаат голема улога во појавата и на овој тип на карцином. Фактот дека ракот на белите дробови се јавува во некои семејства, упатува на тоа дека склоноста е наследна. Освен тоа, докажано е дека некои луѓе се поосетливи на дејството на канцерогените материи, како што се оние кои се наоѓаат во чадот од цигарите. Најмалку 4 од 5 случаи на рак на бели дробови се јавува кај пушачи. Секој кој пуши една кутија цигари на ден, има 20 пати поголеми изгледи да заболи од рак на белите дробови. Со прекинување на пушењето значително се намалува ризикот, но сепак некогашните пушачи се поподложни на појава на рак на бели дробови од непушачите. Луѓе кои професионално, во тек на работниот процес, се изложени на дејство на разни супстанции, како азбест, силициум, минерална и јагленова прашина, радон и тн. спаѓаат во ризична група на пациенти со зголемена можност за добивање ваков тип на малигна болест. Глобалното загадување на воздухот и водата, лошата исхрана со секојдневните стресови како резултат на современото живеење особено во градска средина, се исто така фактори на ризик на кои сме изложени сите ние, без исклучок.

      Во раните фази болеста не дава некои посебни симптоми, а кога симптомите ќе се појават, тие се резултат на поразвиени оштетувања на дишните патишта.

     Најчести препознатливи симптоми се:
- хронична кашлица со чести инфекции на белодробието, како бронхитис и пневмонија,
- зарипнатост на гласот, болка во градите и не ретко крвав исплувок,
- во поодминатите фази на болеста се јавува општа слабост, намален апетит и губиток на телесната тежина.

    Белодробните тумори најчесто се јавуваат во сунѓерастите, сиворозевите ѕидови на бронхиите и досега се утврдени повеќе од 20 разни видови на малигни тумори, меѓу кои: ситноклеточен, аденокарцином, рак на повеќеслоен плочест епител и тн. Повеќето заболени се на возраст од 40-70 години, а само 1 % е на возраст под 30 години. Дијагнозата се поставува преку ренгенска снимка, анализа на исплувок или белодробна течност и биопсија од ткивото. Прогнозата е индивидуална и зависи од општата здравствена состојба на пациентот и од тоа во која фаза е дијагностицирана болеста.

      Лекувањето се состои од хируршко одстранување на туморот доколку е тоа можно, хемотерапија и зрачење. Конвенционалните методи на лекување во комбинација со соодветна исхрана и користење на ензимска терапија, даваат многу оптимистички резултати во борбата со ракот. Разните суплементи т.е додатоци во исхраната како антиоксидансите, витамините и ензимите, ги штитат клетките на белите дробови од дејството на слободни радикали.

     Др Wolf, оснивач на модерната ензимска терапија, смета дека во крвта на онколошките пациенти недостасува одредена група на ензими кои ја спречуваат појавата на ракот. Доколку во организмот на таквите болни, секојдневно се внесуваат доволно ензими како што е ензимот папаин од ферментираната зрела зелена папаја, состојбата на овие пациенти значително може да се подобри. 

   За тоа сведочат многубројните лични искуства на онколошки пациенти ширум светот, а особено интересен е случајот на Г-ѓа Џун Бенет од Потсвил Бич-Австралија. Кај неа во 1979 година бил дијагностициран рак на белите дробови. По извршената хируршка интервенција во реномираната болница Prince Charles Hospital во Брисбејн и била дадена застрашувачка прогноза-уште два месеца живот. Но таа не се помирила со оваа смртна пресуда туку започнала да користи концентрат од зелена папаја и чај од сувите листови на папајата, приготвени според рецептот на старите Абориџини. Редовно ги употребувала три месеци, со пауза од еден месец помеѓу два циклуса и потоа направила контролен преглед на белите дробови-резултатите биле одлични. По три години нормален живот, болеста се вратила во форма на метастази на коските. Г-ѓа Бенет повторно се подложила на два циклуса од папаја концентрат по што болките се намалиле, а медицината која се занимава со проблемите на ракот останала затекната!!

     Носител на антитуморското дејство е ензимот папаин, кој содејствува во разградбата на белковините и во создавањето на есенцијалните аминокиселини, меѓу кои се наоѓа една од поважните - АРГИНИН. Улогата на аргининот е да го активира анти-туморскиот фактор(ТНФ) со што се стопира делбата и растот на малигните клетки. Ензимот папаин има способност да ја зголеми активноста на макрофагите, и природните клетки убијци во борбата со клетките на ракот. Протеолитичкото дејство на папаинот е од големо значење во разградбата на фибринот особено во пост оперативниот период, кога производството на фибрин е зголемено поради заздравувањето на раната. Ваквата зголемена концентрација на фибрин создава одлични услови за раст на малигните клетки, па затоа е неопходно земање на ензимски препарати- Папаја-35  капсули во период после хируршки зафат и за време на радио и хемотерапија. При тоа, ниедна здрава, нормална клетка не се оштетува, туку се уништуваат само клетките на ракот.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.