Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

 АКЦИЈА Папаја 35, 60 таблети/пакување: -20% !!!     

 

 

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

АЛОЕТО ЈА ШТИТИ И НЕГУВА НАШАТА КОЖА

       Алоето ја зголемува природната отпорност на кожата кон инфекции предизвикани од бактерии, габички и сл. особено во летниот период кога кожата е најизложена на надворешните влијанија.

     Кожата е дел на човековото тело и е сетилен орган преку кој ги чувствуваме и осознаваме сите промени кои се случуваат околу нас. Таа е во директен контакт со надворешниот свет и го штити човековиот организам од сите непожелни влијанија од надвор (разни микроорганизми, механички повреди, хемиски средства и сл.) Кожата е одраз на нашето здравје, на нашата духовна моќ и благосостојба, затоа со право се вели дека здравата кожа е убава кожа. Многу е важно таа да се негува и тоа од внатре, не само однадвор со скапи и честопати неефикасни козметички средства. Нашата кожа сама зборува за нас - што и колку јадеме, дали пушиме, дали доволно спиеме? И со најскапите козметички третмани нема во целост да ги сокриеме длабоките брчки, пожолтената кожа од никотинот и насобраниот целулит.

    Во летните месеци кожата дополнително се оштетува од прекумерно сончање при што станува сува и подложна кон создавање брчки и флеки од зголеменото УВ зрачење. Се нарушува природниот Ph на кожата, се намалува имунолошкиот статус и кожата станува плодно тло за развој на габични и бактериски инфекции. Се почеста е појавата и на кожни карциноми-меланоми поради несоодветна заштита од сончевите зраци.

    Токму поради ова, се препорачува конзумирањето на Алоето на Тексас Органикс гел т.е. сок како додаток во исхраната, кој обезбедува исхранување, нега и заштита на кожата одвнатре, на едноставен и сосема природен начин.

    Лековитите својства на алоето биле познати уште од стариот век. Од 250 видови на алое, Aloe Barbadensis  Miler е со најизразито лековито дејство. Компанија Тексас Органикс е една од водечките компании во САД во одгледување, производство и дистрибуција на Алое Вера производи од органско потекло. Нивните производи се добиени од органски произведени растенија без користење на агрохемиски средства при што се запазени највисоките критериуми за органско производство. Оваа компанија е единствен член од семејството на Алое производители која гарантира дека алое сокот се преработува не подолго од 4 часа од бербата. Со тоа се спречуваат сите непожелни процеси на разградба на активните компоненти со што се обезбедува максимална искористливост на сите активни лековити состојки во својот природен врамнотежен сооднос: алое полисахариди, витамини, минерали и аминокиселини. Нивните производи се добиени од органски произведени растенија без користење на агрохемиски средства при што се запазени највисоките критериуми за органско производство. Сите растенија се одгледуваат по строгите УСДА (United States Department of Agriculture) органски стандарди. Texas Departement of Agriculture го испитува и сертифицира секој органски алое вера производ. Органското сертифицирано Алое Органикс не содржи хербициди, пестициди, тешки метали со цел да се зачува и зголеми квалитетот на производот. Затоа органски одгледаното и произведено Алое Органик има најголема нутритивна вредност и докажана лековита моќ.

     Алоето на Тексас Органикс со своето неисцрпно богатство на витамини, аминокиселини, минерали, ензими и полисахариди ја негува проблематичната кожа, ја храни и навлажува, ја зголемува нејзината еластичност и ја прави отпорна на механички повреди. Ги смирува воспалителните процеси и ги ревитализира клетките. Внесен орално ги потикнува сите витални функции во телото, го зајакнува имунолошкиот систем и важи за здрава дневна подршка на организмот. Најдобри резултати се постигнуваат со редовно пиење на гелот и негово мачкање на заболеното место. Се препорачува при псоријаза, егземи, алергии изгореници, посекотини и израстоци на кожата. Нанесен на кожа зафатена со целулит со нежно масирање ја поттикнува лимфната дренажа, овозможува подобра циркулација и детоксификација на кожата. Ја зголемува природната отпорност и имунитет на кожата кон разни инфекции предизвикани од бактерии, габички и сл. особено во летниот период кога кожата е најизложена на надворешните влијанија. Веќе после неколку недели употреба се забележуваат позитивните промени и благопријатните ефекти врз кожата.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.