Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

БИОБРЕН-МГН3

(Arabinoxylan – compound)

Andrew Paterson

         Arabinoxylan - compound е растителна формула за прв пат создадена во Јапонија во 1992 година од Dr. Hiroaki Maeda директор на оделот за развој на фармацевтската компанија Daiwa Pharmaceutical Co Ltd. во Токио. Полето на интерес на Д-р Маеда било да пронајде природен фитонутритиент со лековити ефекти врз човечкиот организам. Во доцните 80-ти години ги насочил своите испитувања врз полисахаридите со долги синџири добиени од растителни влакна, за кои одамна е познато дека имаат способност да го јакнат имунолошкиот систем кај човекот. По долги години и макотрпни истражувања, Д-р Маеда во соработка со двајца имунолози од Универзитетскиот медицински и истражувачки центар во Лос Анџелес развил единствена формула т.е. полисахариден комплекс со заштитено име МГН-3 (добиен од иницијалите на неговите пронаоѓачи (М-Маеdа, G-Ghoneum, N-Ninomiya).

 

 ШТО Е БИОБРЕН МГН-3 arabinoxilan comound ?

     Како резултат на многубројните и повеќегодишни испитувања докажано е дека големите полисахаридни молекули добиени од растителни влакна имаат силен стимулативен ефект врз човековиот имунолошки систем. Растителните влакна обично ги поврзуваме и со намалувањето на нивото на холестеролот,  подобрување на метаболизмот на јаглените хидрати и со поефикасна елиминација на токсичните метаболити преку цревата. И покрај докажаните имуностимулативни особини на растителните влакна, човечкото тело нема голем бенефит во тој поглед, бидејќи влакната се многу тешко сварливи и само минуваат низ гастроинтестиналниот тракт. Но кога долгите синџири на полисахаридите се раскинат на пократки и при тоа се добијат помали молекули (хемицелулози), се покажало дека ефектите врз имунитетот се повеќекратно зголемени (види доле слика1). Малите молекули лесно се абсорбираат преку ѕидот на тенкото црево и навлегуваат директно во крвотокот.

     Daiwa Pharmaceutical - Јапонија е реномирана фармацевтска компанија и е лидер во производство на додатоци во исхраната. Во производство на Биобрен МГН-3, Daiwa Pharmaceutical користи единствена патентирана постапка при која со делумна хидролиза (под дејство на ензими од шитаке печурки) оризовите влакна се раскинуваат. На тој начин се добива природна мешавина на хемицелулози, од кои најважен е арабиноксилан комплексот или b-1, 4 xylophyronase hemicelullulose. (Иако во процесот на производство се користат ензимите од шитаке печурки, Биобрен МГН-3 не содржи печурки и не предизвикува алергиски реакции од печурки). На сликата подолу е прикажана хемиската реакција на раскинување на полисахаридите од оризовите влакна под дејство на ензими и добивање на краен производ - арабиноксилан комлекс (пентозна полимерна молекула). Овој комплекс е наречен Биобрен МГН-3 и е категоризиран во  гликонутритивни додатоци во исхраната. Природниот состав од полисахариди со кратки синџири овозможува лесна апсорпција во организмот и поголема искористливост на Биобрен-от. Биобрен-от е безбеден, нетоксичен производ, може да се употребува  подолг временски период  без да предизвика несакани дејства и интеракции со други фармацевтски производи.

 

ШТО Е ИМУНОМОДУЛАТОР?

      Имуномодулаторите  ги регулираат биолошките процеси и ги доведуваат до рамнотежа со што го доведуваат имуниот систем до она ниво кое е најсоодветно за организмот а не предизвикуваат никакви несакани ефекти. Биобренот не врши вештачко зголемување на имуниот систем. 

 

   КОИ СЕ ЕФЕКТИТЕ ВРЗ ЧОВЕКОВИОТ ОРГАНИЗАМ ?

    Arabinoxylan compound го стимулира и зајакнува ослабениот имунолошки систем многу поефикасно од низа други природни и синтетски имуностимулатори. Всушност, Mamdooh Ghoneum, професор по имунологија при Универзитетот во Лос Анџелес, смета дека арабиноксиланот е најмоќен природен имуностимулатор воопшто познат на медицината. Биобрен-от дејствува на зголемување на телесната продукција на цитокини - кои не само што го помагаат уништувањето на генетски изменетите клеточни структури и вирусите, туку го зајакнуваат имунитетот со активација на Т и Б - лимфоцитите, и особено на NK - клетките (natural killer cells). Б - лимфоцитите се фокусираат на продукција на антитела, додека Т - лимфоцитите и NK - клетките циркулираат низ телото, директно уништувајќи ги клетките инфицирани со вируси и бактерии, како и клетките со изменети генетски структури т.е. со канцерогени промени. На пр. секоја NK - клетка може да уништи по 27 дегенерирани клетки во текот на својот краток живот. Штом NK - клетката препознае канцер клетка, ја напаѓа и ја уништува за само 5 минути.

                                      

                                                ИМУНОЛОШКИ СИСТЕМ

            Имунолошкиот систем е колективна армија од околу трилион бели крвни зрнца, антитела, цитокини, NK - клетки и др. кој овозможува откривање и уништување на милион микроорганизми (бактерии, вируси, паразити, габи) кои продираат во нашето тело секојдневно и  предизвикуваат различни  болести. Тука се вбројуваат и илјадниците наши, сопствени клетки кои се дегенерирани и со оштетена ДНК - структура, а дел од нив се и канцерогени малигни клетки. Всушност, имунолошкиот систем не е во можност да произведе специфични антитела за секој од милиони различни инфективни агенси, но има способност на меморирање т.е помнење и по десетици години од прележување на некоја бактериска или вирусна инфекција. Тогаш е програмиран да ги произведе потребните антитела и лесно се справува со болеста. Пример за тоа се детските болести како сипаниците, заушките и сл. кои доколку се прележат во детска возраст, човечкиот организам се стекнува со траен имунитет до крајот на животот.

       Кога е телото во состојба на стрес или болест имунолошкиот систем станува преоптеретен и активноста на заштитните клетки се намалува. Ова се случува многу често при одредени медицински третмани - како хемотерапија при малигни заболувања, при што дополнително се уништува и ослабнува имунитетот. Слабиот имунолошки систем не е во можност да го спречи растот на канцеогените клетки и секундарните инфекции кои го напаѓаат и истоштуваат организмот. Во превенција и при третман на одредена болест, од исклучителна важност е зајакнувањето на имунитетот особено на NK - клетките. Овие клетки опфаќаат 15% од белата крвна лоза и се сметаат за “елитна војска” на имунолошкиот систем. Со секое зголемување на нивниот број и активност, се намалува ризикот од појава на метастази, а се зголемуваат шансите за закрепнување и справување со тешката болест. Затоа современите испитувања се фокусираат на тоа како и колку разните имуномодулатори ја зголемуваат активноста на NK - клетките. Најголем број на документирани истражувања на Биобрен-от, вклучуваат продолжено тестирање на активноста на NK-клетките и докажано е дека Биобрен МГН-3 ја стимулира  активноста на NK-клетките за 300% и повеќе. Биобрен МГН-3 ја зголемува  активноста на Т и Б - лимфоцитите за 250% како и другите важни фактори на имунолошкиот систем како ТНФ (tumor necrosis factor). Овој процес се одвива без токсични и други несакани појави, за разлика од синтетските цитокини .

      Испитувањата вршени ин виво, покажуваат постигнување на пик  на активноста на NK -  клетките за само две недели од користење на Биобрен МГН-3(доколку се користат поголеми ударни дози). Оваа активност научно може да се докаже со земање крв од пациент кој користел Биобрен МГН-3 и ставање во епрувета со живи канцер - клетки. Со помош на радиоактивен маркер после период од само 4 часа, може прецизно да се одреди процентот на уништени малигни клетки од страна на NK - клетките. Активноста на NK - клетките останува на задоволително ниво и неколку недели по прекинот на терапијата со Биобрен МГН-3, што може да се види од самиот график (види долу слика 2).

      Испитувањата покажуваат дека доколку Биобрен МГН-3, редовно се користи во исхраната, ефектот на јакнење на имунитетот трае пролонгирано и по подолг временски период што не е случај со други имуностимулатори. Затоа Биобренот може да се користи континуирано во период од повеќе месеци без опасност од предозирање или резистенција на арабиноксилан. 

        Најновите испитувања покажаа дека поседува и антиинфламаторни ефекти во човековиот организам. Се смета дека поедини воспаленија во човечкото тело ја зголемуваат можноста од појава на мутација на клетките, па затоа редукцијата на овие воспаленија би довела до намалување на ризикот од појава на малигни заболувања.

    Позитивните антивоспалителни ефекти ги почуствувал лично на себе D-r. Endo, директор на одделот за истражување и развој на Daiwa Pharmaceutical Co Ltd. Токио. Тој со години страдал од реуматоиден артритис, но со конзумирање на арабиноксилан неговата здравствена состојба постепено се подобрила. Способноста да го зајакнува имунолошкиот систем и да ги намалува воспалителните процеси, го става Биобренот во категорија на исклучително важни додатоци во исхраната кај голем број на пациенти но и кај здравата популација за превентивни цели.

 

     Користењето на Биобрен МГН-3 се препорачува за:

    А) Одржување на добра општа здравствена состојба -  кај здравите особи, помага во зајакнувањето на имунитетот, преку зголемување на активноста на белите крвни зрнца. Со тоа, се зголемува способноста на телото да се избори со инфекциите и дегенерираните клетки пред тие да предизвикаат поголеми оштетувања и болести.

   Б) Малигни заболувања - користен во комбинација со класични терапевтски методи, дава одлични резултати во борбата против ракот. Тоа се должи на зголемување на бројот на белите крвни зрнца и препознавањето и уништувањето на абнормалните клетки на канцерот (види долу слика 3). Го подобрува квалитетот на животот на пациентите подложени на хемо и радиотерапија преку намалување и ублажување на несаканите ефекти како: гадење, повраќање, губиток на косата и сл. Клиничките испитувања вршени кај пациенти заболени од леукемија и мултипла миелома, даваат одлични резултати, додека кај др. видови на рак како: лимфоми, рак на дојка, јајници и простата, резултатите се задоволителни.

   Ц) Вирусни инфекции - Кај пациенти со Хепатитис B и C, AIDS,  HPV и други вирусни инфекции ги подобрува имунолошките параметри кои се особено значајани при овие состојби. Лабораториските испитувања покажуваат дека го спречува размножувањето т.е. делбата на клетките на HIV вирусот.

    Д) Бактериски инфекции - во комбинација со класичните медински третмани (антибиотска терапија) овозможува побрзо заздравување на пациентите, преку зајакнување на ослабениот имунолошки систем.

    Е) Воспалителни процеси - го редуцира инфламаторниот одговор на телото преку супресија на инфилтрацијата на леукоцитите и особено неутрофилите во воспаленото ткиво. Најновите истражувања ја потврдуваат тесната поврзаност помеѓу прекумерниот инфламаторен одговор на телото со абнормалната делба на клетките.

    Ф) Дијабетес - Биобренот има способност да ја зголеми толеранцијата на глукоза, но не е замена за инсулинска терапија.

    Г) Алергии - исто како што ги намалува воспалителните процеси, Биобрен МГН-3 има способност да ги намали симптомите на алергиски реакции, со потиснување на дегранулација на мастоцитите и блокада на хистаминот кој е одговорен за непријатните симптоми на алергиите.

 

                                           КЛИНИЧКИ ИСПИТУВАЊА

      за БиоБрен/МГН-3 се направени и публикувани повеќе од 30 базични и клинички (in vivo и in vitro) студии.

     За разлика од повеќето природни додатоци во исхраната, Биобрен МГН-3 има добри резултати од клиничките истражувања. Некои од нив се објавени во реномирани медицински списанија. Истражувањата се вршени во: UCLA/DREW Univrsity USA, во врвни клиники ширум Европа и разни универзитетски и медицински истражувачки центри во Јапонија (Chiba University, Hoshiogaka Welfare Annuity Hospital, Kawasaki Medical University и др.)

     Главен во истражувачкиот процес за Биобрен МГН-3 бил Dr. Mamdooh Ghoneum, профессор на Одделот за Имунологија во Drew University of Medicine and  Science во САД. И по 20 години истражувачка дејност на разни имуностимулатори, изјавил: “Биобрен МГН-3 е најмоќниот имуностимулатор кој сум го тестирал досега.”

    Поради големата импресионираност од добиените резултати од испитувањата на Биобрен МГН-3, комплетно се посветил на дополнителните испитувања на Биобрен-от.

 

               НАЧИН НА КОРИСТЕЊЕ И ДОЗИРАЊЕ НА БИОБРЕН МГН-3

                               Препорачана доза од Dr. Ghoneum

  • за одржување на оптимална здравствена состојба - 500 мг дневно
  • за дијабетес, хепатит B, C, HPV,  - 1000 мг дневно
  • AIDS, малигни заболувања (рак, тумори) - 3 гр дневно 1 месец, а потоа доза за одржување 1 гр. дневно.

     Препаратот се зема 15-30 минути после оброк, кај поголемите дози се препорачуваат 2-3 поединечни дози после доручек, ручек и вечера. Доколку пациентите се во потешка состојба се препорачува доза од 3 гр континуирано подолг период.

За дополнителни информации консултирајте се со вашиот фармацевт или лекар.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани. 



слика 1 - Добивање на дериват на арабиноксилан

под дејство на ензими од шитаке печурки. 



слика 2 - Активност на NK - клетките

под дејство на Биобрeн-МГН3



слика 3 - NK - клетка напаѓа канцер клетка.