Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

 АКЦИЈА Папаја 35, 60 таблети/пакување: -20% !!!     

 

 

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Детоксикација - Прочистување на организмот

Лошите прехрамбени навики, загадената животна средина, стресниот начин на живот, прекумерната и несоодветна употреба на лекови како и неумереното консумирање на алкохол и цигари доведува до наталожување на отрови и штетни материи во организмот кои може да доведат до болест. Повремената детоксификација на организмот со соодветни природни додатоци во исхраната е неопходна при што Папаја 35 и Зелена Магма претставуваат вистински избор.

Папаја 35 е достапна на нашиот пазар во облик на капсули. Овој производ е резултат на долгогодишни истражувања вршени врз древните рецепти на Австралиските Абориџини за подготовка на ферментирани производи од Папаја. Се состои од плод, листови и семе на зрела зелена папаја, со додаден екстракт од калинка, ферментирани низ современ лактоферментирачки процес. На овој начин се добива пробиотски производ богат со витамини, минерали, аминокиселини и ензими.

Од ензимите најзначајни се протеолитичките ензими, меѓу кои  и ензимот Папаин, моќен протеолитички ензим кој учествува во разградба на протеините, а со тоа и во содавањето на есенцијалните аминокиселини. Папаинот активно делува во кисела, базна и неутрална средина, со што го спречува размножувањето на несаканите бактерии во цревата. Присуството на пробиотиците (lactobacillus Acidophilus, Casei, Bifidus, Lactobacillus Bulgaricas и др) овозможува нормализација на цревната флора. Богатиот и единствен состав на Папаја 35 доведува до топење на мастите и детоксикација на организмот при оптеретување со обилна и неизбалансирана храна. Со своето локално (во дигестивниот тракт) и системско дејство, Папаја 35 доведува до нормализација на процесите на абсорбција и искористување на хранливите состојки.

Green Magma или Зелена Магма е исушен сок од млади, органски одгледани листови на јачмен, добиена со специјална spray-dry постапка патентирана од Д-р. Yoshide Hagiwara. Пребогата е со активни витамини, минерали, ензими, аминокиселини и хлорофил. Од ензимите би ги издвоиле супероксид дисмутаза (СОД) и пероксидаза кои спречуваат оксидација на липидите и нивното таложење по зидовите на крвните садови т.е делува против појава на артеросклероза.

Зелената магма е силен антиоксиданс, ги уништува слободните радикали и спречува оштетување на нормалната ДНК - структура на клетките, доведува до ревитализација на организмот и забавување на процесот на стареење. Нејзината блага алкалност помага во неутрализацијата на телесната киселост која настанува како резултат на стресот и неквалитетната исхрана.

Присуството на холин и калиум во зелената магма доведуваат до разградба на мастите кои се натрупуваат во црниот дроб и ја подобруваат неговата функција. Црниот дроб претставува главен детоксификационен орган и неговото одржување во оптимална состојба ја превенира појавата на многу заболувања. Активните состојки во  Зелената магма не само што ги подобруваат метаболните процеси во организмот, туку се и извонредна дополна на секојдневната исхрана. Компатибилна е и при вегетаријански и макробиотски режим на исхрана, а особено се препорачува за време на пост-како задолжителна дополна на дневниот внес на хранливи продукти.Зелената  Магма и Папаја 35 треба да бидат неизоставен дел од вашата дневна рутина, а со цел да се избегнат несаканите последици од прекумерниот внес на мрсна и обилна храна и алкохолни и газирани пијалоци.

 

Начин на употреба:

  • Папаја 35 капсули - една капсула дневно за време на оброк.

 

  • Зелена магма - 3 пати по 1 кафена лажичка растворена во 150ml. ладна вода или овошен сок, 30 мин. пред јадење.

 

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.