Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Папаја 35 и Паркинсонова болест

Папаја 35 - дополна во исхраната кај заболени од Паркинсон

 

     Во изворната медицина на  древните народи, папајата е позната како многу лековита билка и се употребувала за лекување на најразлични болести. Во Папаја 35  капсулите има богат состав на протеолитички ензими меѓу кои  папаин, химопапаин А и Б ... кои имаат  многу важно место како помош при постигнување и одржување на оптималнa здравствена состојба.

 

     Научните студии, во кои последниве децении се истражувани протеолитичките ензими, во потполност го докажуваат јакнењето на имунолошкиот систем и силните антиоксидативни ефекти при земање на препаратите од ферментирана Папаја.

     Папаја 35 капсули е природен, ферментиран производ  кој  во себе ги содржи сите неопходни, биоактивни материи. Се добива од плодови, свежи листови и семе од зелена папаја, по пат на природна ферментација, а при кој процес се создаваат и други активни материи како глукуронска и фолна киселина, аминокиселини и ензими, кои дополнително го збогатуваат составот. Папаја 35 содржи  екстракт од калинка, со што дополнително се зголемуваат антиоксидативните и нутритивни вредности на финалниот производ.

     Папаја 35  изобилува со: витамин C, B1, B2, B3, B6, B12, B17 (леатрил), фолна киселина; K (калиум), Ca (калциум), Mg (магнезиум), P (фосфор), Na (натриум); есенцијални и неесенцијални аминокиселини; папаин, химопапаин А, химопапаин Б, липаза, лизозим, глутамин - циклотрансфераза.

     Нездравиот начин на исхрана, стресот, изложеноста на штетните надворешни влијанија-како зрачења, хемиски загадувачи, пестициди присутни во вода и храна, загаден воздух и др. придонесуваат природниот процес на стареење на организмот се повеќе да е пропратен со тешки дегенеративни заболувања. Околу 1% од популацијата над 65 год. страда  од  Паркинсоновата болест, која претставува дегенеративно невролошко заболување кое примарно ги афектира специфичните мозочни стем клетки, одговорни за продукција на допаминот. Специфичните симптоми на Паркинсон произлегуваат токму од недостатокот на допамин кој е неопходен за спроведување на импулсите од една до друга нервна клетка. Појавата на Паркинсон ја поврзуваат и со оштетување на ткивата од слободните радикали кои се создаваат при клеточна конверзија на кислородот во енергија.

     Со својот богат ензимски антиоксидативен состав, ферментираната Папаја 35 е моќен додаток во исхраната на овие болни при што  ги регулира метаболните процеси и ја зголемува клеточната одржливост. Нејзиното силно антиоксидативно дејство е заслужно за подобрување на состојбата кај овие пациенти. Ферментираната Папаја 35 ја намалува  интраклеточната генерација (создавање) на кислород реактивни видови како hydroxyl слободните радикали, и акумулацијата на superoxide аниони и азотен оксид (NO) во клетките. Францускиот научник, Dr. Montagnier, (Нобеловец за 2008) ја вклучил ферментираната папаја во третманот на Папата Јован Павле по што симптомите на Паркинсон во значителна мерка и видливо за верниците се намалиле. Зголемувањето на имунитетот, неутрализацијата на слободните радикали и јакото детоксирачко и прочистувачко дејство во голема мерка го подобрува квалитетот на живот на пациентите. Во комбинација и како надополна во исхраната во комбинација со класичен медицинска третман, Папаја 35 ги витализира клетките и ги хармонизира клеточните процеси.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.