Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Папаја 35 кај заболени од артритис

Со Папаја 35 -сочувајте ги вашите зглобови и бидете здрави и подвижни

 Папаја е растение кое изворно го има на Карибите, Филипините како и во делови од тропска Азија.Според Michael Castelman, авторот на книгата “Тревки што лекуваат“ на островот Јава со векови наназад се употребува Папајата за лекување на артритични промени на традиционален начин. Папаја35 капсули  е производ направен според стариот рецепт на Австралиските Абориџини.Современата наука утврдила дека сите делови од Папајата содржат материи кои ги уништуваат и карциногените  клетки преку намалување на оксидативниот стрес, воспаленијата и зголемување на имунитетот.

 Артритисот е хронична состојба карактеристична со болни отоци на зглобовите, тетивите и лигаментите. Остеоартритисот е најкарактеристичен од овие состојби и е резултат на деградација на картилагинозниот (рскавичниот) дел на коските. Реуматоидниот Артрит е автоимуно пореметување при кое антителата ја оштетуваат структурата на коските и зглобните ткива. Гихт-от е болна, артритична состојба предизвикана од зголемено присуство на мочна киселина, при што се создаваат и таложат кристали на истата во зглобовите а особено во палецот на ногата. Со консумирање на одредена храна и додатоци во исхраната може да се намали присутноста на болката и да се подобри општата здравствена состојба кај овие пациенти. 

Папаја 35 е природен, ферментиран производ и претставува единствена и неповторлива формула,  која  во себе ги содржи сите неопходни, биоактивни материи кои се извор на добро зравје и долг живот. Се добива од плодови, свежи листови и семе од зелена папаја, по пат на природен  лактоферментирачки процес . Папаја 35 содржи и екстракт од калинка, со што се зголемуваат нутритивните вредности на финалниот производ.Папаја 35  во својот состав изобилува со:·         Витамини - витамин C,Е, B1, B2, B3, B6, B12, B17 (леатрил), фолна киселина.·         Минерали - K (калиум), Ca (калциум), Mg (магнезиум), P (фосфор), Na (натриум).·         Eсенцијални aминокиселини - изолеуцин, леуцин, лизин, метионин, фенилаланин, треонин, триптофан, валин и  неесенцијални аминокиселини.·         Ензими - папаин, химопапаин А, химопапаин Б, липаза, лизозим, глутамин - циклотрансфераза. Присуството на бета-криптоксантин (помалку познат сродник на бета-каротен-от) во Папаја 35 е поврзан со намалување на ризикот од белодробен карцином (за 30%) и карцином на дебелото црево. Еден среден плод на папаја содржи 2,313мг.бета-криптоксантин, додека во ферментираниот производ е значително поголем. Бета-криптоксантинот е одговорен и за намалување на дебрисот во зглобовите и за намалено таложење на кристалите на мочната киселина во истите. Ензимите папаин и химопапаин имаат изразен антиинфламаторен ефект, додека вит. Ц и Е како и бета-каротенот,  се силни антиоксиданси. Нивното содејство и избалансирансооднос во Папаја 35 се извонредни во борбата против симптомите на артритисот и болката како најизразен проблем кај овие пациенти, во третман на спортски повреди и при други причинители на траума. Сознанијата презентирани во Annals of the Rheumatic Diseases (изведени од студија спроведена врз преку 20 000 луѓе) укажуваат дека 3 пати помалку е присуството на реуматоиден артрит кај луѓе кои редовно примале папаја односно храна богата по состав (вит. Ц, Е, бета-каротен..). Папајата 35, како додаток во секојдневната исхрана ги витализира клетките на целиот организам, ги чува и чисти вашите зглобови и ја зголемува вашата подвижност и можност да уживате во секојдневните активности.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.