Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Намалување на несаканите ефекти при хемотерапија со Биобрен

Најновата студија  потврдува дека Био Бран-МГН-3 е ефикасен додаток во исхраната при намалување на несаканите ефекти од хемотерапијата (замор, анорексија, гадење, повраќања, опаѓање на коса и намалување на телесна тежина).

 

         Имунолошкиот систем е колективна армија од милијарда бели крвни клетки  одговорни да ги идентификуваат, а потоа да ги уништат  милионите микроби (бактерии, вируси, паразити, габи) кои навлегуваат секојдневно во нашиот организам. Имунолошкиот  систем  елиминира  од 500 до 10 000 сопствени  генетски  модифицирани или  канцерогени клетки. Главна улога имаат лимфоцитите (Т-клетки, Б-клетки и НК-клетки) кои што ги идентификуваат и уништуваат инфицираните и  канцерогените клетки во телото. НК клетките се од посебен интерес и важност бидејќи за разлика од останатите бели крвни клетки, имаат способност да функционираат повеќе или помалку независно, без посебни инструкции од имуниот систем, за да ги препознаат и уништат многуте канцерогени и вирусно инфицирани клетки. Затоа, НК клетките се сметаат како прва одбрамбена линија кај овие заболувања.

         Био Бран-МГН-3 е развиен во 1992г од Хироаки Маеда, Директор на одделот за истражувања и развој во Даива Фармацеутицал Цо.Лтд , Токио. БИО БРАН –МГН-3 претставува arabinoxylan complex добиен по пат на единствена патентирана постапка на разложување на растителните  оризови влакна со помош на ензими од шитаке печурки. Финалниот производ е со таква чистота што е безбеден и за корисници кои се алергични на печурки. Со долгогодишни истражувања на врвни светски универзитети докажано е дека големите полисахаридни молекули добиени од растителни влакна имаат високо стимулирачки ефект врз имунолошкиот систем. Како тие долги синџири се тешко сварливи и нересорптивни во гастро интестиналниот тракт, потребно е нивно раскинување на пократки синџири  кои многу полесно се апсорбираат . Пократките  синџири (хемицелулози) од кои најмоќен  е arabinoxylan complex-от (Био Бран-МГН-3) директно делуваат на имуниот систем бидејќи недигестирани преку интестинумот влегуваат  во крвотокот.

               Био Бран-от  делува  на начин на   зголемување на продукцијата на цитокини (интерферони, интерлеукини и тумор некрозис фактор) кои што делуваат на уништување на непријателските клетки и вирусите директно, како и на активирање на макрофагите, дендритските клетки,    Т и Б  лимфоцитите и особено на НК клетките.  Б-лимфоцитите се фокусираат на продукција на антитела,  додека Т лимфоцитите и НК клетките директно ги уништуваат бактериските, вирусните како и генетски модифицираните  клетки. Сите истражувања јасно покажуваат дека Био Бран-МГН-3 синхронизирано го модулира  имуниот систем преку  достигнување на пикот на активност после две недели од почеток на примена, а дваесетина дена после завршување на терапијата  активноста се уште е над контролното ниво, значи не прави рапидни растови и падови на активноста на имуниот систем за време и после завршување на терапијата, што  не е случај со навидум слични производи.

        Био Бран-МГН-3 е додаток на исхраната кој нема токсични, несакани ефекти, не ствара резистентност и може да се пие долг временски период.

        Кога нашиот организам е под стрес или за време на некое заболување, имуниот систем станува преоптоварен, и неговата активност значително ослабува.Одбрамбената моќ значително се намалува за време на медицински третман како на пример хемотерапија или радиотерапија кај пациенти со карцином.

           Направена е клиничка студија на 50 пациенти во период од шест месеци кои се со хистопатолошки докажан канцер на дојка, и по случаен избор поделени се во две групи.  Пациентите од  група А покрај класичната хемотерапија користеле Био Бран-МГН-3 по 3гр дневно една недела пред и една недела после хемотерапијата. Групата Б биле изложени само на хемотерапија. Сите пациенти ги поминале 6-те циклуси на хемотерапија. На пациентите не се давани дополнително други додатоци. Хемотерапијата предизвикува несакани ефекти (замор, анорексија, гадења,повракање, опагање на коса, намалување на телесна тежина).

Резултатите покажуваат:

1.      значителна редукција на заморот и анорексијата . 80% од пациентите почуствувале подобрување во исхраната и не чувствувале замор иако не користеле поттикувачи на апетит или мултивитамини, за разлика од група Б каде тој  процентот е само 12% .

2.      60% од пациентите од група А немале потреба од средства против повраќање (антиеметици), во споредба со група Б каде 100% од пациентите имале тешки мачнини или гадења за време и после хемотерапијата.

3.      28% од пациентите од група А имале намалување во опаѓањето на косата во споредба со група Б каде 100% од пациентите имале опаѓање на коса.    

4.      Кај пациентите од група А има значително зголемување на телесната тежина. Кај  16 пациенти има зголемување за 2кг после секој циклус на хемотерапија, а останатите 09 пациенти имаат стабилна телесна тежина за време на терапијата. Кај група Б 21 пациент или 84% имаат опагање на телената тежина од 5 до 10кг за време на шест циклуси на хемотерапија поради намалениот апетит и другите изразени несакани ефекти.

5.      Пациентите од група Б имале потреба од трансфузија на крв за време на хемотерапијата, поради намалувањето на параметрите на хемоглобинот (Hb) и TLC (total leucocyte count).

6.       Не постои никаква забележана токсичност кај групата која користела Био Бран-МГН-3.

            Студијата покажува дека преку модулирање  на активноста на имуниот систем, Био Бран-МГН-3  помага  во значително   намалување на несаканите ефекти од самата терапија, како и во подобрување на квалитетот на живот на пациентите.

            Био Бран-МГН-3 како најмоќен природен имуномодулатор до сега познат во светот се користи кај одржување и подобрување на ослабениот имунитет, кај вирусни инфекции, ХПВ, ЦИН, херпес, хепатит, АИДС, грип, чести настинки кај бактериски инфекции , кај воспалителни реакции, алергиски реакции , диабет.

             Препорачано дозирање на Био Бран-МГН-3 кај пациенти со карциноми е: 

3 грама дневно во тек на еден месец, потоа 2 грама дневно во тек на два месеци и се продолжува со 1 грам дневно барем уште три месеци, после оброк.

            Био Бран-МГН-3 е достапен како:

Био Бран 50таб  х 250мг

Био Бран 30кесички х 1000мг

             M.Ghoneum  професор на Одделот за Имунологија при  Drew University of Medicine & Science, САД  вели:

Повеќе од триесет години ги истражувам природните имуномодулатори и БИО БРАН-МГН-3 е најмоќниот природен имуномодулатор кој сум го тестирал досега

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.