Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Биобрен - вистински избор кај ХПВ и ЦИН

 БИО БРАН-МГН-3 го стимулира ослабениот имун систем многу моќно и безбедно, без токсични ефекти и без резистентност. Затоа е одличен избор како додаток во исхраната со докажани врвни резултати кај пациенти најчесто од женска но и од машка популација со ХПВ и ЦИН промени.

          Инфекцијата со  ХПВ (хуман  папилома вируси –група ДНК вируси) е многу честа појава во денешно време. Постојат повеќе од 150 типови од кои преку 40 се пренесуваат со сексуален однос и ги заразуваат гениталиите кај жени и кај мажи (процентот на жени е значително поголем ). Повеќето  типови не предизвикуваат промени додека некои полово преносливи типови ХПВ може да предизвикаат генитални брадавици (папиломи). Високоризичните типови (16, 18, 31, 33, 35, 39, 45, 51,52,56,58,59 и 68)  може да доведат до цервикална интраепителна неоплазија (ЦИН), вулварна интраепителна неоплазија (ВИН), пенилна интраепителна неоплазија (ПИН) или анална интраепителна неоплазија (АИН). Понатаму  може да напредуваат и до предканцерозни лезии и инвазивен карцином на пенисот, вулвата, анусот како и карцином на грлото на матката (цервикален карцином),  кој  после карциномот на дојка е најчест кај жените.  ХПВ и ЦИН промените најчесто не се проследени со видливи симптоми,  но  често се јавуваат и папиломи , а  со тек на време  имунитетот се повеќе опаѓа. При тоа доага  до зголемена можност за допонителна бактериска или габична инфекција. Откривање на овие промени  се врши со посета на гинеколог – детален гинеколошки преглед, правење на ПАП тест потоа колпоскопија, биопсија, како и типизација на постоечкиот тип на вирус.

Абнормалите клетки кои би се нашле во брисот се поделени во неколку групи:

-во нормални граници –значи дека нема абнормални клетки во цитолошкиот брис

-бенигни клеточни промени-многу благ воспалителен наод, кој не довел до промени на клетките или промените се од реактивна природа

-атипични плочести клетки (ASC)-каде промените се поизразени од оние од  реактивна природа а помалку изразени од сквамозните интраепителни лезии. Овие промени пак се поделени на:

         *ASC со недетерминирано значење-(ASC-US)                                         

         *ASC не исклучува интраепителни сквамозни лезии од висок степен (HSIL)–(ASC-H)

 

-плочеста интраепителна лезија од низок степен-LSIL-одговара на цервицитис,блага дисплазија (ХПВ, ЦИН 1)

-плочеста интраепителна лезија од висок степен-HSIL –-одговара на умерено тешка ЦИН2 и тешка дисплазија  ЦИН3, што покажува дека во брисот на грлото на матката се најдени клетки што упатуваат на промена од повисок степен

-плочест карцином суспектен за инвазија

-плочест карцином

        За среќа, имунолошкиот систем ги отстранува повеќето од ХПВ и ЦИН промените и тие не прогредираат до повисок степен и карцином. Карциномот најчесто се појавува кај луге кои биле заболени со ХПВ долг период, најчесто повеќе од една деценија, бидејки процесот на трансформација на нормалните цервикални клетки во канцерогени е бавен.  За да се подобри имунитетот потребно е да се сменат во целост навиките на живот, да се прекине со пушење, да се воведе квалитетна и здрава исхрана. И секако од огромно значење е да се користи моќен имуномодулатор кој значително ќе го поттикне имуниот систем во борбата против ХПВ вирусите како и веќе променетите клеточни структури.

   БИО БРАН-МГН-3 е револуционерно откритие на тројца имунолози (D-r Maeda, D-r Ghoneum, D-r Ninomiya ) и од 1992 год. фармацевтската компанија Daiwa Pharmaceutical Co. од Јапонија го произведува и го пласира на светскиот пазар. БИО БРАН претставува arabinoxylan complex добиен по пат на единствена патентирана постапка на разложување на оризовите влакна со помош на ензими од шитаке печурки. Финалниот производ е со таква чистота што е безбеден и за корисници кои се алергични на печурки. Со долгогодишни истражувања на врвни светски универзитети докажано е дека големите полисахаридни молекули добиени од растителни влакна имаат високо стимулирачки ефект врз имунолошкиот систем. Како тие долги синџири се тешко сварливи и нересорптивни во гастро интестиналниот тракт, потребно е нивно раскинување на пократки синџири  кои многу полесно се апсорбираат . Пократките  синџири (хемицелулози) од кои најмоќен  е arabinoxylan complex-от (Био Бран-МГН-3) директно делуваат на имуниот систем бидејќи недигестирани преку интестинумот влегуват  во крвотокот.

Сите истражувања јасно покажуваат дека Био Бран-МГН-3 го активира имуниот систем преку  зголемување на продукцијата на цитокините (интерферони, интерлеукини и тумор некрозис фактор) кои што делуваат на уништување на непријателските клетки и вирусите директно, како и на активирање на    Т и Б  лимфоцитите,  макрофагите и особено на НК клетките.  Б-лимфоцитите се фокусираат на продукција на антитела,  додека Т лимфоцитите и НК клетките директно ги уништуваат бактериските, вирусните како и генетски модифицираните  клетки. Ова  не е случај со повеќето навидум слични производи. 

         БИО БРАН-МГН-3 го стимулира ослабениот имун систем многу моќно и безбедно, без токсични ефекти и без резистентност. Затоа е одличен избор како додаток во исхраната со докажани врвни резултати кај пациенти најчесто од женска но и од машка популација со ХПВ и ЦИН промени.

M.Ghoneum  професор на Одделот за Имунологија при  Drew University of Medicine & Science, САД  вели:

Повеќе од триесет години ги истражувам природните имуномодулатори и БИОБРАН МГН-3 е најмоќниот природен имуномодулатор кој сум го тестирал досега“

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.