Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Комбинација на додатоци во исхраната кај малигни заболувања

Додатоци во исхраната при малигни заболувања

Биобрен, Папаја 35 и Алое Вера

     Кога телото е во состојба на стрес или болест, имунолошкиот систем станува преоптеретен и активноста на заштитните механизми се намалува. Ова често се случува и при хемо, цитостатска или радиотерапија кај пациенти со малигни заболувања, со што дополнително се уништува и ослабнува имунитетот. При овие неопходни терапевтски процедури, целиот организам реагира во зависност од предходната имунолошка и состојба на оксидативниот стрес.

 

     Појавата на нови случаи заболени од карцином, во светот, е во постојан пораст, а старосната граница е се пониска. Стресот, неправилната исхрана, лошите навики, загадената средина како и бројни други фактори, доведуваат до намалување на одбрамбените способности на организмот а како резултат на тоа и до појава на заболувања-меѓу кои и оние најтешките-карциномите. Ослабнатиот имунолошки одговор не е доволен да го спречи растот на канцерогените клетки и појавата на секундарни инфекции. Затоа од исклучителна важност е зајакнување и модулирање на имунолошкиот одговор. Со модулирање  на активноста на НК-клетките и на Т и Б лимфоцитите, се намалува ризикот од појава на метастази и рецидиви и се зголемуваат потенцијалите за справување со тешката болест. Најголем број од документираните научни истражувања на Биобренот вклучуваат продолжено тестирање на активноста на НК-клетките и на Т и Б лимфоцитите. Испитувањата покажуваат дека, ефектот на јакнење на имунитетот трае пролонгирано и по подолг временски период што не е случај со другите препарати од овој вид. Биобрен МГН-3 е природна комбинација  на хемицелулози, од кои најважен е арабиноксилан комплекс или b-1, 4-xylophyronase hemicellulose чиј природен состав овозможува лесна абсорбција во организмот и поголема искористливост. Токму поради овие свои карактеристики, Биобренот, особено при малигни заболувања, соодветно се комбинира и извонредно се надополнува сo дејството на ферментираната Папаја 35 и Алое Lily of the Desert производите, кои  во себе ги содржат сите неопходни, биоактивни материи. Папаја 35 се добива од плодови, свежи листови и семки од зрела зелена папаја, по пат на природна ферментација, а при што се создаваат глукуронска и фолна киселина, аминокиселини и мноштво од ензими, кои дополнително го збогатуваат составот. Научните студии, во кои последниве децении се истражувани протеолитичките ензими, во потполност го докажуваат јакнењето на имунолошкиот систем и силните антиоксидативни ефекти при земање на препаратите од ферментирана Папаја 35. Појавата на малигни заболувања се поврзува и со оштетување на ткивата од слободните радикали - ендогени и егзогени (кои се создаваат при клеточна конверзија на кислородот во енергија). Со својот богат ензимски антиоксидативен состав, ферментираната Папаја 35 е моќен додаток во исхраната при што  ги регулира метаболните процеси и ја зголемува клеточната одржливост. Ферментираната Папаја 35 ја намалува интраклеточната генерација на кислород-реактивни видови како hydroxyl слободните радикали, и акумулацијата на superoxide аниони и азотен оксид (NO) во клетките. Зголемувањето на имунитетот (Биобрен), неутрализацијата на слободните радикали и јакото детоксирачко и прочистувачко дејство (Папаја 35), во голема мерка го подобрува квалитетот на живот на пациентите. Во комбинација со Алое Lily of the Desert производите, кои во својот состав содржат моносахариди-mannose-6-phosphate и полисахариди-глукоманани [beta-(1,4)-acetylated mannan] како надополна во исхраната при востановениот класичен медицинска третман, овие препарати ги  витализираат клетките и ги хармонизираат клеточните процеси. Присуството на acemannan, глукоманан кој ја стимулира синтезата и ослободувањето на интерлеукин 1(IL-1) и tumor nekrosis факторот од макрофагите, кои иницираат имунолошки одговор што резултира со некроза и регресија на канцерогените клетки, ја оправдува употребата на Lily of the Desert-гел/сок како дополна на исхраната кај пациенти со малигни заболувања. Режимот на исхрана како кај здрави, така и кај луѓе со здравствени проблеми, отсекогаш бил и ќе биде важен дел од одржувањето на балансот во организмот. Доволниот внес на хранливи материи, како и нивниот сооднос и потекло имаат непроценлива важност за врамнотежено функционирање на органите и организмот во целост. Се поголем е бројот на здрави луѓе кои со органските и природни, високовредни додатоци во исхраната, го негуваат  своето здравје и го подобруваат квалитетот на својот живот.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.