Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Зелена Магма за целото семејство -КЛУЧЕН ДОДАТОК ЗА ТРУДНИЦИ, ДОИЛКИ И ДЕЦА ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ

КЛУЧЕН ДОДАТОК ЗА ТРУДНИЦИ, ДОИЛКИ И ДЕЦА ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ

          Здравјето е најважната и најскапоцената вредност на животот!!!

          Уште  од планираната бременост( сонот на секоја мајка е да донесе на свет здраво бебе), преку носење на плодот во утробата, потоа за правилен ембрионален развој, неопходно е внесување на одредени нутритиенти(витамини, минерали, аминокиселини, ензими..) кои секако треба да бидат најбезбедни и во најизбалаансиран состав. Понатаму во најраното детство, преку активните  детски игри, згрижување на децата во градинките, училишнитен обврски, честите инфекции вирусни или бактериски, потребата од зголемена концентрација, физичка и ментална активност кај децата,  ја наметнуваат потребата  од  одреден  природен и безбеден додаток со цел за подобрување на имунитетот, а со тоа и намалување на честите настинки кои се причина  за отсуствата на децата од  наставата. Во текот на целиот стресен, напорен и динамичен живот, само грижата за правилно и избалансирано внесување на сите потребни нутритиенти во организмот даваат резултат на добро здравје!!! Многу често самата исхрана не ги задоволува нивните дневни  потреби , па потребно е дополнително да се внесат во организмот.

             Во текот на својот живот и успешна кариера, др.Yoshide Hagiwara преку истражување на преку 200 растенија, доаѓа до сознание дека листовите од младиот јачмен содржат преку 70 нутритиенти, како витамини, минерали, амино киселини, ензими, хлорофил...Д-р.Hagiwara со цел да ги заштити и сочува чувствителните корисни состојки од сокот на младите јачменови листови, ја развил единствената spray-drying постапка за која ја добил престижната јапонска награда Pharmaceutical Meritorius Service Award.  Листовите внимателно се мијат и пресуваат при што од нив се цеди свеж зелен сок. Во следниот чекор се врши дехидрирање на сокот во период од 3 секунди на собна температура. Добиениот прав се гранулира, со цел да се постигне подобра растворливост во вода и побрза апсорпција на активните компоненти во човечкиот организам. Оваа постапка  овозможува добивање на ЗЕЛЕНАТА МАГМА како финален производ со врвен квалитет, во кој хранливите материи имаат непроменета хемиска структура, содржината на витамини, минерали, амино киселини, ензими, хлорофил, каротеноиди, флавоноиди и други важни фитонутриенти кои ја поддржуваат активноста на целиот човечки организам се наогаат во совршено избалансирана рамнотежа и поради тоа имаат силно синергистичко дејство.

Од витамини  застапени се каротеноиди (кои се претвараат во вит.А),Б1,Б2,Б6,Б12,Ц,Е, фолна киселина,ниацин, холин, пантотенска кисленина, вит.К. Најдобар начин за внес на витамините е по природен пат. Така најдобро ќе се искористат во организмот. Зелената Магма е совршен препарат токму за таков начин на внес.

 Ензимите учествуваат во продукција на енергија, концентрација , ја подобруваат дигестијата, и го регулираат метаболизмот. Минерали кои се застапени се железо, калиум, калциум, бакар, цинк, манган, фосфор и др.Содржи вкупно 19 есенцијални аминокиселини.

Хлорофилот е зелен пигмент во растенијата и често се нарекува зелена крв токму  поради фактот што има многу слична структура со хемоглобинот во крвта. Тој исто така  е и природен детоксификатор, има благо антисептичко дејство, се користи кај проблеми со варење на храната.

 Благата алкалност на ЗЕЛЕНАТА МАГМА помага во неутрализација на телесната киселост која настанува како резултат на стресот и неправилната исхрана и е многу важна во метаболните процеси.

ЗЕЛЕНАТА МАГМА со својот избалансиран однос на хранливите состојки, начинот на производство, е одличен избор и сосема безбеден препарат. Се препорачува  кај деца од најрана возраст, кај планирана бременост, кај трудници и доилки, деца во школска возраст, и понатаму во целиот стресен и динамичен живот. Содржината на фолна киселина е неопходна за правилниот развој на невралната туба кај плодот посебно во првите три месеци од бременоста. Железото , фолната киселина , вит Б12 делуваат кај анемија како кај трудниците така и кај децата и бебињата. Целиот  избалансиран однос на хранливи состојки помага во правилен раст и развој на децата уште од најрана возраст, како и на полодот во утробата на мајката. Доволната количина на Калиумот помага во намалување на хипертензијата кај трудниците. Докажано е и дека Зелената Магма  може слободно да се користи кај трудници за регулирање на шекер во крв. Исто така одличен е и кај деца од  школска возраст кај кои менталната и физичката активност значително опага, кај кои стресните ситуации веке се присутни во животот како дел од секојдневието. За појачување на имунитетот кај децата и посебно во преодните периоди кога тргнуваат во школо и градинка и кога значително опага имунитетот, одлично го штити организмот од бактериски и вирусни инфекции., се користи и кај воспаленија, егземи, атопичен дерматит, алергии, изгореници. Затоа Зелената Магма не само што може да се пие туку може да се користи и надворешно како тоник.

Препорачано дозирање кај деца од најрана возраст  е 1 x1/2 кафено лажиче, кај деца од школска возраст 1x1 кафено лажиче, кај трудници и доилки  2x1 кафено лажиче. Се раствара во 150ml течност( чај, сок, вода... ) за која најбитно е да не е топла бидејќи така би се уништиле осетливите хранливи состојки

  Поради брзиот и динамичен живот во целост ја заборавивме исцелителната мок на мајката природа, и нејзината важност во користење на древната мудрост на природно лекување  прилагодена кон современото живеење!!!   

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.