Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Зелена Магма-дополнителна помош кај заболени од Диабетес

ЗЕЛЕНА МАГМА
дополнителна помош за заштита на крвните садови и при диабетес

Постои изрека: „процесот на стареење започнува во крвните садови“. Како последица на делувањето на штетните материи доаѓа до покачување на крвниот притисок, лоша циркулација, артеросклероза, ангина пекторис, инфаркт... Одржувајќи ги крвните садови во добра форма, можеме да го забавиме процесот на стареење. Зелената Магма ќе  ви помогне вашиот организам да биде онолку стар колку што вие се чувствувате и се грижите за себе. 

Зелена магма е природен производ во форма на прав, добиен од сокот на органски одгледани млади листови од јачмен. За да ги заштити и сочува чувствителните хранливи состојки и активните ензими од сокот од свежо набраните  јачменови листови, Др.Хагивара развил единствена spray-dry постапка, со која се добива финален производ со врвен квалитет, во кој  хранливите материи имаат непроменета  хемиска структура и максимално  сочуван нутритивен  ефект. Ексклузивитетот и богатството на Зелената Магма се огледува во нејзиниот извонреден состав-избалансирана функционална храна:

Витамини - каротеноиди (кои се претвораат во вит. А), Вит. Б1, Б2, Б3, Б6, Ц, Е, ниацин, холин, биотин, пантотенска киселина.

 Минерали - железо(Fe), калиум (K), калциум (Ca), бакар (Cu), цинк (Zn), манган (Mn), фосфор (P) и др.

Аминокиселини - вкупно 19 есенцијални аминокиселини.

Ензими - супероксид дисмутаза (антиоксидативен ензим-СОД),  пероксидаза (ја спречува оксидацијата на липидите и нивното таложење по зидовите на крвните садови  т.е делува против појава на артеросклероза).

Повеќето од заболувањата се резултат на комплексен склоп од причинители и фактори кои влијаат на нивната појава. Таква е и шеќерната болест т.е. диабетесот. Бројот на заболени се повеќе расте и тие се подложни на голем број на компликации, особено на периферната циркулација.( околу 40% умираат од нив). Зелената Магма, со својот уникатен состав, (присуство на антиоксидансот 2-0-ГИВ) го намалува нивото на вкупниот холестерол, ЛДЛ холестеролот како и на слободните радикали а воедно го зачувува присуството на Вит. Е и ја инхибира ЛДЛ оксидацијата. Исто така спречува слепување на крвните плочки и ги разградува отпадните материи кои циркулираат во крвотокот. Со ова делување се спречува оштетувањето на крвните садови и нивното стеснување, што од своја страна доведува до нивна подобра еластичност и намалување на можностите за појава на хипертензија. Знаејќи дека, при диабет, честа и сериозна компликација е оштетувањето на крвните садови и пореметената циркулација, која неретко завршува со ампутација, од особена важност е рано, по дијагнозата, да се превземат мерки со правилни додатоци во исхраната да се заштити циркулаторниот систем. Зелената Магма изобилува со состојки кои ја спречуваат оксидацијата на липопротеините и ги уништува веќе присутните липидни пероксиди, со што ги штити крвните садови. И не само тоа: во борбата против диабетот важно е да се поттикне лачењето на инсулин. Зелената Магма со својот врамнотежен состав ја подобрува функцијата на  панкреасот и делува на нормализирање на нивото на шеќерот во крвта. Особено се забележливи поволни ефекти кај тип 2.

Како и да е, Зелената Магма, како додаток во вашата секојдневна исхрана, ќе ви помогне да ги одржите вашите крвни садови млади и интактни, а вас активнии и подвижни со подобар квалитет на животот. 

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.