Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

 АКЦИЈА Папаја 35, 60 таблети/пакување: -20% !!!     

 

 

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

Зелена Магма во исхраната при анемии

ЗЕЛЕНА МАГМА - БОРБА ПРОТИВ АНЕМИЈА.

Green Magma или зелена магма е исушен сок од млади  јачменови листови и е додаток во исхраната кој дава одлични резултати во третманот на анемијата и претставува единствена природна формула во која содржаните витамини, минерали, ензими, аминокиселини и антиоксиданси се наоѓаат во совршена рамнотежа и поради нивниот избалансиран сооднос имаат силно антианемично дејство. 

Анемијата или слабокрвност е пореметување кое се карактеризира со намален број на еритроцити т.е црвени крвни зрнца или  недостаток на хемоглобин. Хемоглобинот по состав е протеин и претставува важна компонента во составот на крвта, бидејќи е носител на кислородните молекули. За нормална функција на човековиот организам неопходно е редовно и квалитетно снабдување на органите и ткивата со кислород. При анемија сите органи страдаат поради недостаток од кислород, поради што се јавува општа слабост, чувство на хроничен замор, намален апетит, вртоглавица и слаба концентрација. Досега се идентификувани преку 400 видови анемии, од кои повеќето се резултат на лоша и неправилна  исхрана, особено присутна  кај децата во период на раст и развој. Иако некои потешки облици на анемија бараат целосна медицинска нега и болничко лекување, полесните форми на анемија успешно се лекуваат во домашни услови.Освен поради лоша исхрана, анемија може да се јави како резултат на зголемен  губиток на крв, поради присуство на улкуси (чиреви во желудник, дванаесетпалачно црево) поради малигни заболувања на дигестивните органи и не ретко кога дигестивниот систем ја губи способноста за правилна ресорпција на неопходните витамини и минерали.

Постојат повеќе видови анемија меѓу кои се:

-Анемија поради недостаток на железо (Fe) - најчесто застапен тип на анемија и се јавува кај организми кои немаат доволно залихи на железо, кој е неопходен за создавање на хемоглобин. Се јавува како резултат на несоодветна исхрана.

-Мегалобластична анемија

-Хемолитична анемија

-Анемија на српести клетки

-Пернициозна анемија

Лекувањето на анемијата се состои во промена на режимот на исхрана и претставува најлесен и најздрав начин за подобрување на крвната слика. Ако е ниска вредноста на хемоглобинот и вкупното железо се препорачува конзумирање на свежо овошје и зеленчук, поради изобилство на витамин Ц кој е неопходен за подобра ресорпција на железото. За таа цел се користи зелената магма.

Зелената Магма изобилува со:Витамини: Ц, Е, Б1, Б2, Б3, Б6, ниацин, холин, биотин, пантотенска киселина.Минерали: Fe, K, Ca, Cu, Zn, Mn, P.Ензими: СОД (Супероксид дисмутаза), пероксидазаАминокиселини: 19 есенцијални аминокиселини. Зелената Магма претставува хранлив, благо алкален прав со пријатен вкус и мирис. Зелената магма содржи исклучително висок процент на фолна киселина и големо количество на растителниот зелен пигмент хлорофил. Со векови хлорофилот е познат како “ зелена крв”, дури се верувало дека со негово конзумирање се претвора во крв. Верувањето не е далеку од вистината бидејќи растителниот хлорофил и човечките црвени крвни зрнца - еритроцити, имаат слична молекуларна структура и со право биле нарекувани - близнаци. Редовното конзумирање на Зелената Магма со сигурност ја поправа крвната слика и ги одстранува симптомите на слабокрвноста. Се препорачува и при анемии кај трудници, доилки и доенчиња. 

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.