Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

NADH - Коензим 1

Оригинална формула на N.A.D.H. по Професор Др. Ј. Биркмаер

 

        Коензим 1 е молекул за трансфер на енергија и е присутен во сите живи клетки во природата па и во човековото тело. N.A.D.H. е есенцијален дел на многу ензими. Повеќе од 1,000 метаболни процеси во човековиот организам се регулирани од коензим 1. Затоа, секој негов недостаток ќе резултира со редукција на метаболните процеси и сите последици од тоа. Коензим 1 се внесува со свежа храна, но поради нестабилност, количеството искористен Ко.1 е занемарливо мало. Исто така се продуцира и во клетките во процесот на трансформација на нутриентите од храната. Електроните обезбедени од N.A.D.H. се проследуваат до  митохондриите од секоја клетка, така што, покрај останатото, енергија од АТП ќе биде продуцирана. АТП е клеточна енергија складирана во хемиска форма.

 

Колку повеќе коензим 1 е на располагање на клетките, толку поефикасно клетките ќе функционираат поради зголемената продукција на АТП. 

 

Како е развиен N.A.D.H.

         Во текот на низа години наназад, ефектот на Коензим 1 бил во фокусот на научните истражувања на Австрискиот научник Проф. Др. Ј. Биркмаер, кој е првиот што го администрира како супортивен агент на телесните функции. Во продолжение на тоа, 1993, тој е првиот кој успеа во стабилизација на N.A.D.H. а со тоа и ја зголеми абсорбцијата и искористли-воста на Коензим 1 во организмот. Нутритивните физиолошки ефекти на N.A.D.H. се документирани низ бројни научни студии и публикации. 

 

Кога се препорачува употреба на N.A.D.H.?

Нутритивни апликации:

  • При состојби на хроничен замор
  • Наутро за подобрување на физичките и ментални активности
  • При дефицит на сон и пореметување во ритамот на спиење
  • При промена на временски зони (Jet-Lag)
  • За зголемување на концентрацијата
  • За подобрување на когнитивната способност, вниманието и спремноста за реакција како кај врвни спортисти кои имаат голем бенефит од додатната АТП продукција, така и кај здрави лица, при стрес пред испит, настап, како и за успорување на процесот на стареење на клетките (а со тоа и на организмот во целост). 

      Медицинските апликации:

  • За зајакнување и поништување на дејството на слободните радикали. Коензим 1 (N.A.D.H) го промовира телесниот сопствен заштитен механизам со неговиот докажан антиоксидативен ефект.

      ENADA / ENACHI производите како додаток во исхраната, имаат клинички докажан бенефит кај пациенти со:

  • Паркинсон, Алцхајмер (N.A.D.H. ја стимулира продукцијата на адреналин и допамин)
  • Деменција
  • При синдромот на хроничен замор
  • Депресија
  • При опоравување од мозочен и срцев удар.
  • Се препорачува при зависност од алкохол (го штити црниот дроб од алкохолното оштетување), злоупотреба на дроги, лекови
  • Намалување на инхибицијата на синтеза на тестостерон, а исто така ја штити и клеточната ДНА од штетните ефекти на радијацијата.

        

          ENADA / ENACHI се природен пристап до енергија, елан и здравје. Иако овие производи се додаток во исхраната, тие се едни од првите и ретки чија медицинска ефикасност безбедност, биорасположивост како и толеранција, се испитани и потврдени низ клинички студии спроведени и од страна на FDA (Food and Drug Administration) и како такви се одобрени за безбедна употреба. Досега нема пријава за несакани дејства или интеракции со други препарати.  Нашите долгогодишни инвестиции во истражување, ни го овозможија бенефитот да се здобиеме со Investigative New Drug (IND) статус за Enada од страна на ФДА, што од друга страна ни ослободи пристап кон врвни и престижни светски институции за спроведување нови, ФДА-одобрени клинички истражувања.

 

          Мисијата на Birkmayer Pharmaceuticals е да се развие безбеден, ефективен и пред се продукт на кој можеме да сметаме дека ќе го подобри квалитетот на живот на целата популација. “Ние веруваме дека N.A.D.H. претставува квантен скок напред во нашата континуирана потрага. Го прифаќаме предизвикот на докажување на ефикасноста на нашите продукти низ познати, мерливи, научно етаблирани принципи и клиничко истражувачки студии... не преку маркетиншка возбуда!

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.