Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

NATTO NKCP-ПРИРОДЕН РАЗРЕДУВАЧ НА КРВТА

             Natto претставува традиционална Јапонска храна од ферментирани соја зрна, која се користи со векови. Претставува деликатес кој дава здравје. Bacillus subtilis-natto (добра бактерија која се создава за време на процесот на ферментација на соја зрна), произведува функционални протеини (вклучувајќи  ја и натокиназа), кои природно и безбедно ја регулираат вискозноста на крвта. Затоа, natto е важна храна за редукција на ризикот од тромбоза (згрутчување на крвта). Меѓутоа, проблемот во конзумирањето  natto е следен: има непријатен  вкус и мирис, карактеристична текстура, може да содржи голема количина витамин К кој интерферира со антикоагулантните лекови, активноста може да варира од бренд до бренд. Оваа храна не е широко достапна надвор од Јапонија.

             Затоа Фармацевтската компанија Daiwa Pharmaceutical Co. LTD од Токио го произведе Natto NKCP natokinaza- стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillopeptidase F) во вид на  таблети без мирис, отстранет витамин К, не содржи ГМО (генетски модифицирани состојќи) ,  овозможувајќи сите да можеме да уживаме во бенефитот на natto!

            НКЦП се произведува со култивитање на Bacillus Subtilis Natto – изолирана од natto храна. Во течен медиум, под услови за изолирање на активни протеини. Нерастворливите супстанци, како и оние со ниска молекулска маса (вклучувајќи ги и молекулите со карактеристичен мирис) се отстрануваат. Концентрацијата на пептиди потоа е стандардизирана. НКЦП се претвара во прав и понатаму се таблетира. Бројни ензими се идентификувани во натто НКЦП екстрактот, меѓу кои и ензимот натокиназа.          

           Протеинската молекула  натокиназа има  тромболитичка активност. Докажано е дека натто НКЦП во клетките го разложува и инактивира плазминоген активатор инхибитор   (PAI-1) чија концентрација се зголемува со стареењето. НКЦП користен орално му помага на ткивниот плазминоген активатор (t-PA) да функционира ефикасно. t-PA го активира плазминот, а го редуцира фибриногенот во крвта. Затоа, НКЦП ја олеснува активацијата на фибринолитичките каскадни реакции преку редукција на PAI-1 и помага во одржување на балансот помеѓу коагулација и фибринолиза.

            NKCP не делува директно на вискозноста и не ги раствара директно згрутчувањата на крвта! NKCP само ја зголемува ефикасноста на сопствените  механизми на организмот во контролата на вискозноста на крвта и разградувањето на тромбите. Овој  природен додаток на исхраната не влијае негативно на коагулацијата на крвта, како што е случај со некои производи (како на пример ацетилсалицилна киселина) кои имаат директно влијание врз разредувањето на крвта!

           За натто НКЦП се направени неколку студии со кои е докажана:  -ин виво тромболитичка активност при орална употреба на НКЦП при  тромбоза;-фибринолитички ефект; -активност на НКЦП при намалување на вискозноста на крвта . Безбедноста на NKCP natto е докажана преку детални истражувања и независни испитувања на акутна и субакутна токсичност, мутагеност, антигеност и предозирање.

          Болестите на срце и цереброваскуларните болести (мозочен удар) предизвикани од неправилна вискозност на крвта и тромбоза, се едни од најчестите причинители на инвалидитет и посериозни последици во современтото општество.

           Зголемувањето  на должината и квалитетот на живот треба да се базира на одржување на здрав васкуларен систем и нормален крвоток.  Способноста на крвта да коагулира е од суштинско значење. Но кога доага до формирање на нерастворливи тромби кои ги стеснуваат крвните садови или патуваат во други крвни садови (емболија), последиците може да бидат фатални.

           Бидејќи производот натто НКЦП делува на механизмот на регулирање на згрутчувањето на крвта  има широка примена кај:

-срцеви заболувања, висок крвен притисок,  стентирани пациенти, ангина, мозочен удар, постоперативно,

-луѓе со покачени триглицериди и холестерол,

-слаба периферна циркулација, ладни раце и нозе,  тробоза, артериосклероза, варикозни вени, хемороиди,

-фибромијалгија,

-ендометриози, утерини фиброиди,

-мускулни грчеви,  хроничен замор, чести патувања со авион и работа поврзана со седење

-неплодност,

-карциноми,

-берибери,

-здрави луѓе за одржување на здрав крвоток.

 

На пазарот е достапен како:

             натто НКЦП 60 таблети/кутија , 125мг/тбл   

СТАНДАРДНА ДОЗА:  Се препорачува да се користат по една до две таблети (125-250мг) навечер, после оброк.

 ______________________________________________________________________

 НАПОМЕНА: Овој текст служи за информативни цели, и не претставува основа за самостојно одредување на терапија и замена на класични лекарства и третмани.