Новости

АКЦИИ ВО СЕПТЕМВРИ / ОКТОМВРИ !

- АКЦИЈА од 25.09.2017 до 31.10.2017:   ЗЕЛЕНА (GREEN) МАГМА 80 гр. -10% за едно парче,    -20% за нарачка на 2 парчиња !!!  ...

повеќе

NATTO NKCP

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical го произведе Natto NKCP natokinaza - стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillope ...

повеќе

БИОБРЕН МГН-3 - БАЗИЧНИ И КЛИНИЧКИ СТУДИИ

Јапонската компанија Daiwa Pharmaceutical постојано вложува во научни истражувања. Затоа, Био Бран/МГН-3 е еден од нај ...

повеќе

natto NKCP кај миоми, ендометриози, при киретажа

Миомот претставува честа бенигна појава и може да се појави на различни делови на матката. Составен е од мазни мускулни влакна и сврзно ткиво, затоа се нарекува и фибромиом. Се смета дека причината за неговата појава е хормонски дисбаланс,  (зголемување на нивото на  естрогенот). Најчесто се јавува кај жени меѓу 35 и 50 години.  Симптомите зависат од  големината, бројот, локализацијата,  дегенеративните промени и компликациите што ги предизвикуваат.  Најчести симптоми се неправилни, нередовни крварења, обилни менструални крварења. Понекогаш не предизвикуваат никакви симптоми и  се откриваат со рутински гинеколошки прегледи. Многу често се пропратени и со ендометриоза. Како резултат на притисок на вените во малата карлица, може да дојде до  венска стаза и тромбофлебити.   Поради притисокот кој го вршат, доаѓа до намалено снабдување со крв на здравото ткиво и  може да дојде до хијална дегенерација . Затоа, се  препорачува кај пациентките со миом или ендометриози  да се регулира крвотокот со природен додаток во исхраната, кој би помогнал да се намалат несаканите последици поврзани со циркулацијата. Вистински избор би бил јапонскиот прозвод натто НКЦП натокиназа (natto NKCP nattokinase).        

        Natto претставува традиционална Јапонска храна од ферментирани соја зрна, која се користи со векови. Претставува   деликатес кој дава здравје. Bacillus subtilis-natto (добра бактерија која се создава за време на процесот на ферментација на соја зрна), произведува функционални протеини (вклучувајќи  ја и натокиназа), кои природно и безбедно ја регулираат вискозноста на крвта. Затоа, natto е важна храна за редукција на ризикот од тромбоза (згрутчување на крвта).   Меѓутоа,  како храна  има непријатен  вкус и мирис, карактеристична текстура, може да содржи голема количина витамин К кој интерферира со антикоагулантните лекови, активноста може да варира од бренд до бренд и не е  широко достапна надвор од Јапонија.

             Затоа Фармацевтската компанија Daiwa Pharmaceutical Co. LTD од Токио го произведе Natto NKCP natokinaza- стандардизиран екстракт од natto bacillus култура (bacillopeptidase F) во вид на  таблети без мирис, отстранет витамин К, не содржи ГМО (генетски модифицирани состојќи) ,  овозможувајќи сите да можеме да уживаме во бенефитот на natto! НКЦП се произведува со култивитање на Bacillus Subtilis Natto – изолирана од natto храна. Во течен медиум, под услови за изолирање на активни протеини. Нерастворливите супстанци, како и оние со ниска молекулска маса (вклучувајќи ги и молекулите со карактеристичен мирис) се отстрануваат. Концентрацијата на пептиди потоа е стандардизирана.

         Бројни ензими се идентификувани во натто НКЦП екстрактот, меѓу кои и ензимот   натокиназа -протеинска молекула  која  има  тромболитичка активност  . Човечкиот  организам произведува 20 ензими кои учествуваат во создавањето на тромби, но многу малку како  ензимот - плазмин кој учествува во нивно разградување (тромболитичко дејство).  Од друга страна,   концентрацијата на фибринот се зголемува со стареењето, додека на плазминот се намалува. НКЦП користен орално му помага на ткивниот плазминоген активатор (t-PA) да функционира ефикасно. t-PA го активира плазминот, а го редуцира фибриногенот во крвта. Затоа, НКЦП ја олеснува активацијата на фибринолитичките каскадни реакции преку редукција на плазминоген активатор инхибитор  (PAI-1) и помага во одржување на балансот помеѓу коагулација и фибринолиза.

            NKCP не делува директно на вискозноста и не ги раствара директно згрутчувањата на крвта! NKCP само ја зголемува ефикасноста на сопствените  механизми на организмот во контролата на вискозноста на крвта и разградувањето на тромбите. Овој  природен додаток на исхраната не влијае негативно на коагулацијата на крвта, како што е случај со некои производи (како на пример ацетилсалицилна киселина) кои имаат директно влијание врз разредувањето на крвта!

           За натто НКЦП се направени неколку студии со кои е докажана:  -ин виво тромболитичка активност при орална употреба на НКЦП при  тромбоза;-фибринолитички ефект; -активност на НКЦП при намалување на вискозноста на крвта .  Безбедноста на NKCP natto е докажана преку детални истражувања и независни испитувања на акутна и субакутна токсичност, мутагеност, антигеност и предозирање.

           Зголемувањето  на должината и квалитетот на живот треба да се базира на одржување на здрав васкуларен систем и нормален крвоток.  Способноста на крвта да коагулира е од суштинско значење. Но кога доага до формирање на нерастворливи тромби кои ги стеснуваат крвните садови или патуваат во други крвни садови (емболија), последиците може да бидат фатални.

            Натто  НКЦП делува на механизмот на регулирање на згрутчувањето на крвта, спречува запушување на крвните садови, претставува чистач на крвни садови, а со тоа го забрзува протокот на крв затоа безбедно може да се користи :

-одржување на здрав кардиоваскуларен систем,

-срцеви заболувања, висок крвен притисок,  стентирани пациенти, ангина, мозочен удар, постоперативно,

-миоми, ендометриози, утерини фиброиди,

-неплодност,

-слаба периферна циркулација, ладни раце и нозе,  венска тромбоза, артериосклероза, варикозни вени, хемороиди,

-фибромијалгија,

-мускулни грчеви,  хроничен замор, чести патувања со авион и работа поврзана со седење

-луѓе со покачени триглицериди и холестерол,

-карциноми,

-берибери,

-здрави луѓе за одржување на здрав крвоток

-при чести, долги патувања каде доаѓа до длабока венска тромбоза најчесто во нозете .

     При овие здравствени проблеми се препорачува да се  пијат  по две таблети натто НКЦП natokinaza, навечер, после оброк.